Џафери: Во втората половина на мај Собранието се враќа на нормалниот начин на работа, за вакцина викнати се сите пратеници

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во втората половина на мај Собранието да се врати на вообичаениот начин на работа. Можност за вакцина добиле сите пратеници, а дали ќе ја примат зависи од нивната волја.

„Со втората доза од вакцината ќе се овозможи посоодветна работа на Собранието. Очекувам од втората половина на мај да се врати нормалниот начин на работа на Собранието со почитување на процедурите за заштита, дадени од надлежните институции. Ставени на листа се сите 120 пратеници, кажано им е во кој бокс да се јават за вакцина, а дали ќе се јават тоа повеќе не е одговорност на претседателот туку волја на секој поединец. Предвидени се вакцини за сите, кој како ќе одлучи е негова работа“, рече претседателот Џафери.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека пратениците се вакцинираат со руската вакцина „спутник В“. Заедно со пратениците, денес се вакцинираат и вработените во собраниските служби кои не биле вакцинирани при првата можност што ја добија како критична инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски