ВИДЕО: Репортер на „CNN“ во живо следеше убиство

Од:

Видео снимката на фоторепортерот на „CNN“, Фред Плитген кој што во живо ја следеше борбата во Дамаск со прорежимските борци, го заобиколи светот.

На снимката Плитген се наоѓа со палестинските борци кои се борат на страната на Башар ал Асад, во Јармук, предградие на Дамаск, кога во еден момент снајперист од спротивната страна пука кон него.

Борецот зад Плитген вели дека го гледа непријателот и откако испалува еден куршум му соопштува дека го убил.

Јармук некогаш беше бегалски камп и се уште го носи белегот од војната, од пред неколку децении.

На прашањето упатено до командант, Ам Ихаб кој му е непријател, тој одговара дека во главно тоа се странци од Обедитентите Арапски Емирати, Авганисатан, Пакистан но и Сиријци.

Борбите се водат и во куќите, а на видео снимката се гледа како само ѕид од вреќи со песок ги дели двете завојувани страни.

Откако бунтовниците ја напуштија оваа локација, поставија рачни бомби во ѕидовите на куќите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија