Утре во „Борис Трајковски“ се вакцинираат пратениците

Од:

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утре во салата „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат пратениците од Собранието, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.

Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи, од 10 до 18 часот. На 14-ти овој месец беа вакцинирани собраниските служби.

„Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните“, велат од Министерството.

Официјално нема точна бројка на пратеници од овој состав на Собранието кои досега се заразија со вирусот, но според она што се известуваше, бројката е неколку десетици. Во ноември лани, беше усвоен протокол според кој и заразените народни избраници можат да дојдат во Собранието и да гласаат, а досега во јавноста внимание предизвикаа два такви случаи: пратеникот на ДУИ Арбен Зибери лично гласаше при изборот на новата Влада, а минатата недела пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска дојде во Парламентот со скафандер, за да помогне да се обезбеди кворум за гласањето за петтиот пакет владини антикризни мерки.

„Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура,“ се додава во соопштението од МЗ.

Во салата „Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела, со доаѓањето на нови дози вакцини, ќе има измена на приоретизација и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација, информираат од Здравство, од каде исто така апелираат до граѓаните кои сакаат да примат вакцина, да се пријават на vakcinacija.mk.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски