Чешка сака во руската амбасада во Прага да останат само петмина дипломати

Од:

Чешка одлучи да го намали бројот на вработените во руската амбасада во Прага, колку што изнесува и бројот на вработените во амбасадата на Чешка во Москва, соопшти на прес-конференција чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулганек.

Тој додаде дека потегот е преземен откако Руската Федерација не одговорила на барањето на Чешка за враќање во Москва на 20 протерани вработени од нејзината амбасада.

Претходно, Чешка одлучи да протера 18 руски дипломати, кои ги опиша како агенти на руското воено разузнавање, ГРУ и руското надворешно разузнавање (СВР).

Русија возврати со најава за протерување на 20 чешки дипломати. Шефот на меѓународниот оддел на чешката претседателска администрација, Рудолф Јиндрак, најави дека само пет дипломати ќе останат во амбасадата на Чешка во Москва.

Според чешкото МНР, руската амбасада во Прага вработува 27 дипломати и 67 технички персонал, а пет дипломати и 19 технички персонал работат во амбасадата на Чешка во Москва.

Така, 22 дипломати и 48 технички персонал би можеле потенцијално да бидат протерани од руската амбасада во Прага. Претходно денеска, Кулганек истакна дека околу 60 Руси ќе мора да ја напуштат Прага за да се изедначи бројноста во амбасадите.

2021-04-22

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија