Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 661 лицe сомнителнo и потврденo за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 8 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 3 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 пациенти, известува Министерство за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 272 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.
Вкупно 661 пациент потврден и сомнителен за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од Министерство за здравство.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се наведува во соопштението на Министерство за здравство.