Во Скопје 156 сообраќајни прекршоци, 47 за брзо возење

Од:

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 156 сообраќајни мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 10 за возење без возачка дозвола и пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, стои во денешното соопштение од МВР, како и три за мининување на затворен сигнал (црвено светло), пет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три санкции за некористење сигурносен појас, пет за непочитување првенство на минување, три за непрописно престројување на возила и 41 санкција за непрописно паркирани возила.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ