Три казнени налози поднесе ОЈО Скопје за непочитување на полицискиот час

Од:

За двајца скопјани и еден охриѓанец Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози, бидејќи се обвинети дека извршиле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

– Тројцата, во различни кривично-правни настани, биле затекнати при непочитување на полицискиот час како мерка за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Имено, тие без да поседуваат дозвола за тоа, за време на важечкиот полициски час се движеле на различни локации во градот, информираа од скопското обвинителство.

Јавниот обвинител за овие лица му предложи на Судот да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечен износ на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​

Би можело да ве интересира

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

Бајрами: Обвинителството регистрираше случаи на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња

Горан Наумовски