При групна тепачка во Гостивар повредена една жена

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица на возраст од 49 и 45 години за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

– На 08.10.2020 година, двајцата браќа, во група заедно со други за сега непознати лица, физички нападнале две лица во Гостивар. Мајката на еден од нападнатите тргнала да ги раздели и во тој момент едниот обвинет ја удрил со тупаница по лицето, а другиот со метални клешти ја удирал по двете раце и по телото. Од ударите, жената се здобила со телесни повреди – нагмечувања, информираа од гостиварското обвинилтелство.

Овој настан според обвинителството предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност и кај повеќе други граѓани кои во тој момент биле присутни на местото.​​

Би можело да ве интересира

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

Бајрами: Обвинителството регистрираше случаи на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња

Горан Наумовски