Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе фрли 70 милиони евра, за 10 минути побрзо пристигнување од Ѓорче до Аеродром

Од:

„Мрзеливиот Шилегов ќе фрли 70 милиони евра, за 10 минути побрзо пристигнување од Ѓорче до Аеродром. БРТ не е решение и истиот ќе создаде и голем сообраќаен метеж.

Проектот за БРТ кој е замислен да се протега од Лисиче до Ѓорче Петров ќе го уништи средишното зеленило на булеварите „Видое Смилевски – Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски – Питу“, „Кочо Рацин“ и „Партизански одреди“, вели Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Мрзеливиот Шилегов заради неговата неработа ќе ја загрози и главната водоводна цевка со дијаметар од Ф 1.600 мм од која со вода се снабдуваат општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Драчево, Зелениково и Студеничани и е градена 1967-1968 со заварени челични цевки и се наоѓа на 2 метри длабочина во средишната зона на булеварот „Партизански одреди“, каде што впрочем и ќе поминува БРТ, а која е заштитна зона на водоводната цевка, така што и најмали осцилации може да имаат фатални последици.

Самиот пристап е потежок. Патниците ќе бидат принудени да поминуваат три ленти за да стигнат до автобуската постојка или при излегување од автобусот да го поминат булеварот, а не како сега директно од автобусот да се најдат на пешачка зона, со што се загрозува безбедноста во сообраќајот, но и се отвора потреба од пешачки натпатници, што е многу скапо, а нивното користење до сега се покажало како минимално од страна на граѓаните.

За БРТ мрзеливиот Шилегов ќе потроши 70 милиони евра пари на скопјани, а ќе предизвика метеж и сообраќајни проблеми, наместо да направи две подземни сообраќајници, едната од Влада до Комплекс банки која ќе го скрати патувањето за половина час од Аеродром до Карпош т.е. исток – запад и обратно. И втората позади Рамстор со иновативни кружи текови на две нивоа која комплетно го решава проблемот со сообраќајот од насока Карпош – Кисела Вода и обратно.

Мрзеливоста на Шилегов да сработи нешто реално, ќе ги чини граѓаните како безбедносно, така и финансиски“, соопштува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС