Во мноштвото на видео-снимки кои се појавија на Јутјуб, на кои се гледа како демонстрантите се судираат со полицијата, се издвои еден забавен клип – на протестите во Сао Паоло се гледа човек облечен како Спајдермен, кој трча кон полицијата, на воодушевување на присутните.
Инаку, бразилските поголеми градови деновиве се соочуваат со масовни демонстрации на незадоволни граѓани, поради нискиот квалитет на јавниот транспорт, високите даноци, корупцијата, високите цени.