Арсовски: Може да се гради само во согласност со Законот за градење

Од:

Владата ќе ги почитува законите и доколку не се почитуваат, таму градба нема да има, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски запрашан каков е ставот на Владата за најавената изградба на згради во центарот на Скопје, спроти хотелот „Холидеј ин“.

– Се што можеме да кажеме е да се повикаме на Законот, и се што е спротивно од тоа значи дека градба таму нема да има. Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење. Со урбанистичкиот план се пропишува што е планирано со опфатот на таа локација, какви типови на надградба, колку зеленило е предвидено и каква инфраструктура е потребна, изјави Арсовски.

Тој нагласи дека врз основа на сите тие информации инвеститорот приложува проект и ако ги исполнува сите услови, добива одобрение за градење.

– Со Законот за градење е предвидено инвеститорот да отпопчне со градење во рок од две години. Доколку не почне може да му се одздеме одобрението или ако не гради според приложениот проект, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски издаде одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“; „Шанса за Центар“ го потсети дека планот е незаконски

Маја Илиевска-Пачемска

Инспекцијата од Центар не направила увид кај „Холидеј ин“ оти нема жалба, ниту поплака за новата дваесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска

Градежен инспекторат: Центар треба да ја прекине градбата на дваесеткатницата кај „Холидеј Ин“

Градежниот инспекторат мижи за изградбата на дваесткатницата кај „Холидеј Ин“, „Зелен хуман град“ најави кривична

Маја Илиевска-Пачемска

Жители на Ново Маало: Поддршката за протестите на „Зелен Хуман Град“ е еднаква на нула

А1он

(ВИДЕО) Обвинителството да не го крие злосторничкото здружување за парцелите кај „Холидеј Ин“, не ни требаат дваесеткатници

Маја Илиевска-Пачемска