Во нападот на зградата на ОН во Сомалија загинаа 15 лица

Од:

Најмалку 15 лица се убиени денес во нападот на Канцеларијата на Обединетите нации во Могадиш, соопштија официјални лица на Сомалија.

Сомалискиот министер за внатрешни работи, Абдикарим Хусеин Гулед изјави дека во нападот загинаа осум вработени во ОН меѓу кои и четири странци кои работеа на Програмата за развој на ОН.

Гулед нагласи дека во нападот се убиени и седум напаѓачи, додека лекарите наведуваат дека се повредени и околу 13 цивилни лица.

Напаѓачите успеале да влезат во колмплексот на зградата на еден час колку што траеле борбите со силите за безбедност, меѓутоа силите на Африканската унија и сомалиските сили успеале да ја вратат контролата над комплексот, пренесе „Ројтерс“.

Терористичката организација Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот.

Инцидентот се случи со експлозија на автомобил-бомба, на влезот на зградата на ОН по што вооружени напаѓачи во воени униформи влегле во зградата и отвориле оган врз безбедносните сили.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија