Во Чешка ноќеска уапсени десетина чешки граѓани кои делувале во Донбас по наредби на руските агенти од ГРУ

Од:

Чешката полиција ноќеска почна голема акција, во која, според чешките медиуми, се уапсени над 10 чешки државјани, кои работеле под команда на агенти на руската ГРУ, тајна воено-разузнавачка служба, со чија помош Владимир Путин спроведува хибридни воени операции низ целиот свет.

Во ноќната акција на апсења учествувале стотици полицајци и припадници на чешките безбедносни сили.

Чешката полиција се сомнева дека уапсените организирале патувања на чешки граѓани во украинскиот регион Донбас, каде учествувале во борбите на страната на проруските сепаратисти, како дел од паравоените единици, токму по наредби на ГРУ, а кои пристигнувале од руската Амбасада во Прага.

Чешка во саботата протера 18 руски дипломати, „прогласувајќи ги за персонал на тајните служби“. Русија веќе во понеделникот одговори со одмаздничко протерување на дваесет чешки дипломати.

Зад одлуката на чешкиот премиер Андреј Бабиш за протерување на руските дипломати стои откривањето на серијата мистериозни експлозии што се случија во складиште за муниција во 2014 година во местото Врбетице, на 330 километри југоисточно од Прага.

За експлозијата прво се сметаше дека е несреќен случај. Но, како што објавија чешкиот премиер Андреј Бабиш и министерот за надворешни работи, Јан Хамачек, за време на прогонот на руските дипломати и наводните шпиони, сега чешките власти се сомневаат дека зад експлзиите стои руската воено-разузнавачка служба.

-Постои основано сомнение за вмешаност на офицер на руската разузнавачка служба ГРУ, единица 29155, во експлозијата на складиштето за муниција во областа Врбетица, рече Бабиш на состанокот пренесуван во живо на телевизија.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница