Средба на лидерот на СДСМ Заев со амбасадорот Брет

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет при што изразил задоволство од формирањето на Комисијата за настаните од 24 декември и ги акцентираше очекувањата за ефикасност во работата.

Како што соопшти СДСМ, амбасадорот Брет го поздрави и демократскиот амбиент и демократската постапка во која се спроведе 14. Конгрес на СДСМ и ги искажа своите очекувања од оваа партија за клучните прашања кои се важни за напредокот на Република Македонија.

Претседателот Заев, пак, го информираше амбасадорот за плановите на новото раководство на СДСМ и насоките на идно политичко делување на партијата, како и за позициите околу клучните прашања кои се од интерес на државата и граѓаните.

Двајцата разговараа и за меѓуетничките односи во државата, состојбата со медиумите и процесот на лустрација како теми од исклучителна важност за Република Македонија, стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати