(ВИДЕО) Богдановиќ: И кираџиите во Центар ќе паркираат бесплатно онаму каде живеат

Од:

Доколку секој член на семејството има по еден автомобил на негово име, паркирањето ќе биде бесплатно за секој од нив поединечно. Но, доколку некој член на семејството поседува два автомобили на негово име, тогаш паркингот за вториот автомобил се наплаќа.

Вака директорот на Паркинзи Центар ги објаснува недоразбирањата кои се појавија во медиумите дека паркирањето ќе биде бесплатно за само еден автомобил во семејството.

– Во изминатиот период во медиумите имаше недоразбирање во однос на ова прашање. Под станбена единица се водеа прво, второ и трето возило, без разлика дали во семејството живеат 3-4 луѓе. Сега, со новата одлука, тоа е направено по физичко лице – вели Богдановиќ.

На прашањето што ќе се случува со граѓаните кои живеат под кирија во Центар, тој вели дека и за нив ќе останува истите услови како и вистинските жители на Центар . Како што вели Богдановиќ, и ќираџиите ќе користат повластени услуги, но ќе можат да паркираат бесплатно само во секторот каде што живеат.

Директорот Богдановиќ ги повикува граѓаните да ги обноват склучените договорите, бидејќи на голем дел од нив им истекуваат. При обнова и продолжување на договорите, жителите на Центар треба да понесат лична карта и сообраќајна дозвола. При обнова За продолжување на договорот се плаќа 350 денари.

На прашањето зошто град Скопје сака да преземе дел од паркинзите во Центар, директорот Бигдановиќ објаснува дека паркиралиштата им се доделени во нивна ингеренција за право на користење на тие улици. Според него, Паркинзи Центар има правилник по кои улици може да организира паркирање и тоа е нивно легитимно право.

Во однос на новите вработувања во Паркинзи Центар, директорот Богдановиќ вели дека постојат најави за нови вработувања, бидејќи неколку вработени го напуштиле претпријатието. Како што вели тој, вработувањата ќе бидат неопходни со оглед на тоа дека ќе се отвораат нови паркиралишта.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории