На децата им треба повеќе сон од возрасните затоа што тие се уште растат, а спиењето дополнително им помага за правилен развој. Затоа е важно детето да има одредена рутина за спиење, но и брзо да заспива. Приспивните песнички за бебиња се битен дел од сѐ тоа.
Бебињата, според Светската здравствена организација, до три-месечна возраст треба да спијат меѓу 14 и 17 часа, а од четири до 11 месеци – меѓу 12 и 16 часа. Важно е бебињата да заспиваат смирено, и секогаш во истото време…
Приспивните песни се тие што ги смируваат. Децата реагираат на самата песна, без оглед дека не ја разбираат мелодијата или јазикот. Важно е и тоа дека пее саканата и безбедна личност. Токму тоа го покажа истражувањето во една музичка лабораторија при „Харвард“, каде што проучувале како децата реагираат на разни видови песни? Стручњаците откриваат дека малечките најдобро реагираат на звукот на приспивните песни.
Тие песни го забавуваат срцевиот ритам на детето, што влијае на помирно и подлабоко дишење, поради бавната, опуштачка мелодија што се повторува. Покрај тоа што ќе го смири бебето, приспивната песна го смирува и оној што ја пее.
Значи, приспивните песни треба да бидат дел од рутината за спиење што ќе го смирува и опушта детето, но и заради поцврста врска меѓу малечкото и родителот. Се покажа дека јазикот и зборовите не се битни, ако мелодијата е лесна и препознатлива.