Бесими и Крамариќ разговараа за европерспективите на Македонија и Хрватска

Од:

Хрватска го поддржува членството на Македонија во ЕУ, важно е тој процес да се забрза и да се најде решение за отворените прашања со соседите.

Тоа е истакнато на денешната средба во Скопје на македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Фатмир Бесими со амбасадорот на Хрватска во Македонија, Златко Крамариќ.

Бесими и Крамариќ разговараа за македонско-хрватската билатерална соработка и поддршката во процесот на пристапување во Европската унија.

– На средбата, Бесими му честиташе на амбасадорот Крамариќ за идното пристапување на Република Хрватска во Европската Унија, која претставува значаен потенцијал за поддршка на Република Македонија во претстојниот процес на преговори, соопшти владиниот Секретаријат за европски прашања.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он