Стапува на сила договорот помеѓу Македонија, Австрија и Фајзер/БиоНТек: Во првата недела во мај се очекуваат околу 19,000 дози

Од:

По најавата од Европската комисија во декември минатата година за обезбедување на механизам за распределба на вакцини за земјите од Западниот Балкан преку репрограмирање на ИПА средства во износ од 70 милиони евра, Секретаријатот за европски прашања информира дека денеска стапува во сила трипартитниот договор помеѓу Северна Македонија, Австрија и Фајзер/БиоНТек за набавка на 119.600 дози вакцини против Ковид-19.

-Им благодариме на пријателска Австрија, останатите земји членки и Европската комисија за солидарноста. Оваа помош за македонските граѓани немаше да биде возможна без несебичното залагање на австрискиот МНР Шаленберг и еврокомесарот Вархеји, на кои би сакал и лично да им се заблагодарам, особено имајќи го предвид предизвикот за обезбедување на вакцини, како во ЕУ земјите членки, така и глобално, истакна Димитров по повод доделувањето на помошта, стои во соопштението.

Со овој договор, се додава, не се исцрпуваат сите средства, со оглед на тоа дека во рамките на механизмот на Северна Македонија ѝ беа распределени 8,19 милиони евра. Владата, во соработка со Европската комисија, ќе продолжи со преговорите за потпишување дополнителни трипартитни договори до конечно исцрпување на грант средствата.

Оваа конкретна набавка ќе биде испорачана во четири месечни наврати, почнувајќи од првата недела во мај, кога се очекуваат околу 19.000 дози.

Австрија денеска соопшти дека планира до август да испрати 651.000 дози на вакцина против коронавирусот на Бионтек/Фајзер во шест земји од Западен Балкан, како дел од програмата на Европската унија за помош на соседните земји и Африка, од кои 119.600 дози за С Македонија.

– Со оваа иницијатива покажуваме дека не го оставаме регионот настрана, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг на прес-конференција.

Австрија посредуваше во договорите меѓу Биотек /Фајзер и земјите приматели и најави дека тие ќе ја премостат исплатата на овие вакцини со свои 11 милиони евра. Дозите на вакцини, според Австриското МНР, ќе се плаќаат од средства за помош на ЕУ или потенцијалните земји кандидати.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски