За време на протестите во Рио, бразилскиот фоторепортер Мајкл де Суза, реши на својот апарат да додаде камера која треба да му покаже на светот како се прават некои од највпечатливите новински фотографии.
Камерата цело време го следи Де Суза или толпата.
Во делови од видеото Де Суза е подготвен за најлошите ситуации, носејќи гас маски и очила, а посебно е интересно да се гледа како тој се движи низ и околу толпата, додека прави некои навистина импресивни фотографии.