Полицијата распоредена во градови во Бразил во кои се протестира

Од:

Бразилската Влада објави денеска дека ќе распореди жандармерија во градовите во кои избувнаа протести против лошите јавни услуги, високите цени и против корупцијата.


Делови на Националните сили за јавна безбедност се испратени во Бразилија, Рио де Жанеиро, Форталеза, Салвадор де Баиа и Бело Оризонти. Тие градови ќе бидат домаќини на СП во фудбал идната година.


Портпарол на Министерството за правда изјави дека распоредувањето на силите е дел од подготовките за Мундијалот, и не е поврзано со протестите какви што немало со децении.


Околу 50.000 луѓе учествуваа во демонстрации во Сао Паоло вчера, неколку илјади протестираа во Сао Гонсало близу Рио и во Бело Оризонте.


Демонстрации минатата недела во Сао Паоло против поскапувањето на транспортот предизвика судири. Се демонстрира против огромните владини расходи за организацијата на СП наместо за здравство, образование и други општествени услуги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск