Реакцијата на Русија по протерувањето на 18 дипломати од руската амбасада во Чешка поради шпионирање е посилна од очекуваното, ако се има предвид досегашната пракса, се пожали денеска првиот вицепремиер и министер за внатрешни работи на Чешка, Јан Хамачек.
Москва вчера одговори со прогласување на 20 чешки дипломати за непожелни во Русија.
– Реакцијата на руската страна се покажа посилна отколку што очекувавме. Протерани се повеќе дипломати. Подготвив предлог за премиерот Андреј Бабиш за дополнителни активности, истакна министерот Хамачек.
Тој нагласи дека Русија го протерала заменик-амбасадорот и Чешка мора соодветно да одговори.
Хамачек објасни дека Чешка не планира да го протера рускиот амбасадор, но не ја исклучува можноста во натамошните чекори да бидат „протерани руски разузнавачи“ кои се „поврзани со операции“ во Чешка, други земји-членки на ЕУ и сојузници во следните чекори
Кремљ остро се спротивставува на заклучоците на Чешката Република за наводната вмешаност на руски разузнавачки агенции во експлозијата во складиште за муниција во 2014 година во чешкото село Врбетице.
– Остро сме против овие заклучоци, за кои сметаме дека се штетни и непријателски, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.