Жена на околу 70 години се удавила синоќа во река во југозападна Франција каде беше поплавена и познатата пештера во Лурд и беа евакуирани речиси 2.000 луѓе од тој регион.
Нивото на реката Гав де По се зголеми рекордно по поројните дождови и високите температури што предизвикаа брзо топење на снегови на Пиринеите.
Според ДПА, тоа асе најтешки поплави во тој регион во изминатите 30 години. Силни бури најавија метеоролозите за Париз, каде е објавено портокалово ниво на опасност, јавуваат француски медиуми.