ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ од Градот Скопје и Шилегов лапала милиони

Од:

„Шилегов се што допре претвори во криминал. Фирмата на зетот на новиот Рашковски – Аврамовска Мадиќ од Градот Скопје и Шилегов лапала милиони, оставка и кривична одговорност.

Откако е Шилегов градоначалник, а Викторија Аврамовска Мадиќ секретар на Град Скопје, „Армор плус“ добила тендери во висина од 10 милиони денари од градот, ова немаше да биде спорно, доколку газдата на „Армор плус“ која нижела милиони на тендери од градот, не беше зет за сестра на секретарот на градот Аврамовска Мадиќ“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Аврамовска Мадиќ има функција и моќ во градот и претпријатијата под градот, таа е функционер и може да влијае врз работењето, и со тоа се фрла сериозен сомнеж врз добивањето на тендерите на „Армор плус“ од град Скопје.

Имаме очигледен судир на интереси. Аврамовска Мадиќ е функционер во органот кој што одлучува, а добитник на тендер е нејзиниот зет преку неговата фирма.

Ја повикуваме ДКСК веднаш да отвори случај и да утврди можни законски прекршувања. Или Аврамовска Мадиќ требала да си замине од функцијата или „Армор плус“ на нејзиниот зет да не учествува на тендери во институцијата каде што таа е функционер. Кривична одговорност и оставка.

Злоупотребите мора да престанат. Не смее да има ниту најмал сомнеж дека институциите се користат во бизнис цели на функционерите. Случајот да се истражи“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски