Бесими и Крамариќ разговараа за европерспективите на Македонија и Хрватска

Од:

Хрватска го поддржува членството на Македонија во ЕУ, важно е тој процес да се забрза и да се најде решение за отворените прашања со соседите.

Тоа е истакнато на денешната средба  во Скопје  на македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Фатмир Бесими со амбасадорот на Хрватска во Македонија, Златко Крамариќ.

Бесими и Крамариќ разговараа за македонско-хрватската билатерална соработка и поддршката во процесот на пристапување во Европската унија.

– На средбата, Бесими му честиташе на амбасадорот Крамариќ за идното пристапување на Република Хрватска во Европската Унија, која претставува значаен потенцијал за поддршка на Република Македонија во претстојниот процес на преговори, соопшти владиниот Секретаријат за европски прашања.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството