НАТО изразува поддршка за својата членка Чешка, која отвори истрага за „злонамерните активности“ на Русија кои се дел од образецот на „опасно однесување“ на официјална Москва, соопшти денеска Алијансата.
Владата на Чешка протера 18 руски дипломати под сомнение дека руската разузнавачка служба стои зад поставувањето експлозија во складиште за муниција во 2014 година во Врбетице.
„Сочувствуваме со семејствата на жртвите од експлозијата во Врбетице. Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата “, се наведува во соопштението од НАТО.