Помошта за граѓаните и за компаниите преку петтиот сет мерки останува во собранискиот лавиринт

Од:

За одржувањето на собраниската седница на која треба да бидат изгласани законите кои ќе го активираат петтиот сет мерки за помош на граѓаните и на компаниите погодени од пандемија и вчера немаше договор.

Засега останува неизвесно кога ќе бидат одржани седниците на кои треба да бидат изгласани законските решенија од пакетот анти-кризни мерки, како и другите точки усогласени на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа и со лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши за законот за државјанство.

По завчерашните повеќечасовни расправии за тоа како треба да продолжи да работи законодавниот дом, седница вчера не се одржа. На собраниската веб-страница следната пленарна седница – 39-та е закажана на 21 април, но на дневен ред не се пакетот антикризни мерки и усогласените прашања меѓу власта и опозицијата.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска