Зачука новото срце кај младо момче, успешно е извршена втората трансплантација на срце во земјава

Од:

Четири часа по полноќ, заврши втората трансплантација на срце во историјата на Македонија. Кај младо момче, во дваесетите години, кое подолго време чекало донор, зачука ново срце, благодарение на тимот од Клиниката за кардиохирургија.

Донорот е 20-годишна девојка, Верица од Берово, која починала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство, како што вчера изјави министерот за здравство Венко Филипче, се согласило да ги донира нејзините органи.

„Денеска, за жал, кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден се ќе се заврши“, изјави вчера Филипче.

По многубројните напори да се најде лице кое ќе може да го прифати срцето од починатиот донор, сложената процедура беше започната и истата траеше неколку часа. Срцето кај младото момче почнало да чука пред 4 часот утринава.

Два бубрега се чека да бидат трансплантирани кај пациенти кои долги години биле на дијализа. Во понеделник, се очекува постар човек, чичко Коле, да добие шанса да живее нормално, откако коската со метастази ќе биде заменета со здрава коска.

„Ноќеска згасна еден 20-годишен живот и во исто време најмалку десетина нови добија шанса за нов и подобар живот. Ноќеска едно семејство го изгуби најмилото и во исто време го даде најскапоценото. Ноќеска еден голем тим на лекари покрај грижата за ковид центрите направија трансплантација на неколку ограни и покажаа дека надеж постои и хуманост во сите нас“, коментира еден од докторите кој беше вклучен во трансплантацијата, за „А1он“.

Првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година. Стануваше збор за почината 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент на 53 годишна возраст, Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

Трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аиџибадем Систина“ и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, која воедно е и Национален координатор за трансплантација.

Би можело да ве интересира

Почина жената на која и беше трансплантиран бубрег од свиња

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот