Женските права не се правни аргументи за Иванов?

Од:

Претставниците од ХЕРА имаа средба со тимот на претседателот Ѓорѓе Иванов во врска со потпишувањето на указот за Законот за прекунување на бременоста од страна на претседателот. По изнесените аргументи од страна на ХЕРА, советниците на претседателот посочиле дека станува збор за про форма измени и дека Претседателот не може да стори многу за промена на Законот.

„Дали за Претседателот Иванов сите закони во Македонија се про форма или само законите кои ги третираат и ограничуваат женските права?“, запрашуваат од ХЕРА.

Аргументите се однесуваат на нејасната причина за донесување на законот по итна постапка, отсуството ситуациона анализа и јавна дебата.

Во соопштението на ХЕРА стои дека зачудувачки е тоа што тимот на претседателот не бил во тек со двонеделната расправа и покрај писмото од 72 македонски организации, 91 меѓународна организација и писмото од европратениците.

Откако Иванов не покажа став и не го врати законот непотпишан, ХЕРА ќе поднесат претставки пред Уставниот суд, а тој како и гласачите особено жените изложени на дополнителни пречки и потценувања ќе бидат оние кои ќе ја оценат „правната оправданост“ на оваа одлука.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

Индонезија: Полицијата ќе биде единствената која ќе го одобри правото на абортус за жртвите на силување

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови