Норвежанец кој ширеше теории дека коронавирусот е обична настинка, почина од Ковид-19

Од:

Норвешкиот поборник на теориите на заговор Ханс Гардер, кој тврдеше дека коронавирусот не е опасен и дека Ковид-19 е обична настинка, починал минатата недела токму од инфекција со вирусот, јавија локалните медиуми.

60-годишниот Гардер, кој имал многу следбеници на социјалните мрежи, според извештаите, се заразил на еден од двата настани кои минатиот месец нелегално ги организирал во својот дом во општината Гран, на 50 километри од Осло, и покрај забраната за собири која е на сила во земјата.

Најмалку 12 луѓе кои биле на тие собири се заразени, а полицијата се уште го утврдува конечниот број на гости на нелегалните забави.

„Што е причината што се воведуваат вакци мерки за да се спречи инфекција која е слична на настинка или грип. Дали со тоа сакаат да камуфлираат дека короната не се пренесува од човек на човек?“, напиша Гардер на Фејсбук минатиот месец, кога норвешката влада ги воведе строгите мерки.

Тој на својата страница на Фејсбук, меѓу другото, пишуваше и за илуминатите, како и за Џо Бајден и за наводната кражба на американските избори во ноември.

Дел од медиумите објавија и дека Гардер имал симптоми две недели пред смртта и неговото семејство инсистирало да оди на лекар, но тој не ги послушал.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани