МГ ФЕШН: „Гранд“ Скопје ќе биде зелен и урбан комплекс по врвни светски еколошки стандарди Скопје, 14 април 2021 – На онлајн прес-конференција, денес, компанијата МГ ФЕШН која е инвеститор на комплексот на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј Ин“, јавно го презентираше проектот „Гранд“
Скопје, осврнувајќи се на највисоките архитектонски, урбанистички и еколошки стандарди по кои ќе се градат објектите.
Како што истакнаа од МГ ФЕШН, целта на прес-конференцијата беше точно, вистинито и транспарентно да се информира јавноста за отпочнувањето на градба на комплексот, како одговор на големиот број оспорувања во јавноста, но и визуелните прикази кои циркулираа, а воопшто не кореспондираат со
неговата вистинска слика и вредност.
Архитектот и управител на МГ ФЕШН, Илија Божиновски, објасни дека станува збор за станбено-деловен, зелен и урбан комплекс по врвни светски еколошки стандарди со многу зеленило, многу јавни содржини и истиот целосно ќе го модернизира срцето на Центар. „Идејата е овој комплекс да претставува ново обележје на градот, нов, модерен и зелен центар на Скопје, кој ќе биде гордост на скопјани“, истакна Божиновски и воедно изрази благодарност до жителите на Ново Маало кои даваат полна поддршка за реализација на проектот.
На прес-конференцијата се обратија и архитектите Јана Гугуловска-Ѓорѓевиќ и Мартин Пановски од архитектонското студио „Радиус Архитекти“, чии идејни решенија ќе се реализираат во проектот „Гранд“ Скопје.
Тие ги презентираа деталите на комплексот и објаснија дека се работи за модерни објекти кои ќе се градат во 3 фази: во првата фаза еден станбено-деловен објект од 20 ката; во втората уште еден станбено-деловен од 22 ката, а во третата фаза деловен и комерцијален простор од 16 ката. Воедно, ги
претставија и урбанистичките параметри на проектот наспроти она што го дозволува важечкиот Детален урбанистички план. Имено, согласно идејниот коцепт вкупната површина за градба е 9.165 м2, а бруто развиена површина е 89.627 м2, наспроти 13.654 м2 површина за градба и 200.000 м2 бруто развиена површина, колку што дозволува ДУП-от. Максималната височина на планирана градба изнесува 81.20м, иако согласно зададените урбанистички параметри во актуелниот ДУП истата изнесува 180 м.
Во контекст на ова, архитектата Гугуловска-Ѓорѓевиќ потенцираше дека во комплексот тројно е намалена катноста, односно максималната планирана катност е 22 ката, наспроти 60-те ката кои ги дозволува ДУП-от, и додаде дека ќе бидат обезбедени 969 паркинг места, наспроти потребите 957
според ДУП-от и 30 паркинг места за лица со посебни потреби.
Архитектот Пановски, пак, во своето излагање даде одговор на најчесто изнесуваните невистини во јавноста во врска со бетонизацијата на Скопје и објасни дека проектот значително го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени
површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија.
„Проектот ги следи светските трендови на објекти со т.н. архитектонски биодиверзитет, фокусирајќи се не само на луѓето како живи битија, туку и на нивниот однос со останатите живи организми. „Гранд Скопје“ не само што е целосно еколошки и енергетско ефикасен проект за заштита на животната
средина, изработен според високи еко стандарди и согласно Законот за урбано зеленило и Правилникот на Општина Центар, туку ќе претставува вистинска зелена оаза во центарот на Скопје, комплекс целосно отворен за граѓаните“, рече тој.
Според идејните решенија, зеленилото во парцелата е сочинето од партерно зеленило (мешано зеленило – ниско со високо), високо зеленило – дрвореди, зелени кровни градини и зелени вертикални градини, кои се градат за прв пат кај нас, ќе бидат проектирани по светски стандарди, со посебен систем
за одржување и наводнување, истовремено овозможувајќи им на жителите чувство на пријатност и приватност во урбаната средина и концепт.
На крајот, Божиновски се осврна и на нивната визија за иден развој и инвестиции кои компанијата ги планира во интерес на граѓаните и заедницата. Тој објасни дека МГ ФЕШН нуди соработка на Општина Центар и е подготвена на парцелата 1.4 да инвестира во урбан јавен простор на површина од 7.332 м2
(приближно колку Плоштад Македонија), со разновидно парковско зеленило налик на светските уредени урбани паркови и простори оплеменети со современа фонтана и урбана „смарт“ опрема.
Дополнително, МГ ФЕШН преку соработка со Град Скопје, Шумарски Факултет, зелени организации е подготвена да изготви решение и да инвестира во обновување на делот од Кејот 13 Ноември кој се протега по должината на локацијата.
За компанијата:
MГ ФЕШН е македонска компанија основана од 2007 која работи како франшизер на повеќе светски модни брендови и како со-сопственик на групацијата Фешн Груп каде се вработени 280 лица. МГ ФЕШН, делува и во градежниот сектор. За транспарентноста како и посветеноста на квалитетот на работата на МГ Фешн сведочат не само многуте успешно реализирани проекти, туку и локалните и светски-реномираните соработници како EBRD, Комерцијална Банка, Chapman Taylor, Laguarda Low и многу други. Еден од позначајните проекти на компанијата во сегментот развој на недвижнини е и Скопје Сити Мол (СЦМ),
инвестиција вредна 100 милиони евра, со годишен промет од 130 милиони евра од кои во државниот буџет на годишно ниво се слеваат 30 милиони евра по основ на даноци. СЦМ вработува 2,800 лица. СЦМ е идеален пример за трансформативната моќ на внимателно планираниот урбан развој, кој на општина Карпош и даде една нова димензија на општествено функционирање. МГ ФЕШН планира искуството од овој проект да го примени во разубавување на Центарот на метрополата. Замислата за Проектот „ГРАНД“ СКОПЈЕ е во истиот дух, да го претвори запоставениот, руиниран простор во центарот на градот во нов “downtown”, урбан, зелен и модерен комплекс кој е еколошки и енергетско ефикасен.
ПР текст