Во Битола 129 санкции за брзо возење

Од:

На подрачјето на СВР Битола биле извршени контроли во сообраќајот, при што биле откриени и санкционирани 129 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 11 возачи кои не поседувалевозачка дозвола, две возила со истечена регистрација, пет возачи кои зборувалена мобилен телефон, двајца кои не користеле сигурносен појас и двајца кои извршиле неправилно престигнување.

Како што соопштија денеска од МВР, под дејство на алкохол бил еден возач и тој бил отстранет од сообраќај.

За сите прекршоци издадени се соодветни налози, стои во соопштението од МВР и се најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ