ВМРО-ДПМНЕ: Заев го штитеше Мијалков додека му беше потребен

Од:

„Заев го штитеше Мијалков додека му беше потребен за проблеми во ВМРО, тој му беше бизнис и политички партнер. 4 години СДСМ не го спомнуваше Мијалков во соопштение, затоа што беше дел од коалицијата Зоран – Вице – Сашо.

На сите нивоа на СДСМ Заев издал наредба да не се спомнува името на Мијалков, а тој добиваше максимална логистика од власта.

Заев беше во коалиција со Мијалков до вчера“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Миле Талевски од СДСМ.

„Заев е во коалиција и со целата криминална болумента од регионот и светот.

Заев 4 години издавал пасоши на светски криминалци, нарко босови и терористи.

Заев систематски ја уривал државата и нејзиниот кредибилитет во очите на нашите партнери.

Заради Заев македонскиот пасош бил употребуван во криминални цели и тероризам. Заев е закана за светската безбедност. И Заев ќе одговара. Штетите кои ги предизвика му се познати, и знае дека за истите нема да може да избега од одговорност“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ