Чавков пренесен во приватна болница во Скопје, му се влошила здравствената состојба

Од:

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, откако ноќта ја поминал во штипската модуларна болница, попладнево е спроведен во приватна болница во Скопје.

Директорот на Затвор-Штип Мики Тодоров потврдува дека вчера откако му се влошила здравствена состојба на Чавков и имал ниска сатурација при прегледот од затворскиот лекар, веднаш е хоспитализиран во модуларната болница, каде што добил и постојана кислородна поддршка. На барање на семејството и по препорака на штипските инфектолози, Чавков е спроведен во приватната болница на болнички третман.

Деновиве во штипскиот Затвор кластерот заразени со коронавирусот се зголеми со уште двајца новозаразени осуденици, со што бројката се искачи на седум. Меѓу позитивните на коронавирусот се и поранешниот началник на специјалните полициски сили, Митко Пешов и Никола Митревски-Кољо, кој беше осомничен како еден од главните организатори на насилствата во Собранието на 27 април.

Според затворскиот лекар, здравствената состојба на останатите осуденици е добра и тие се изолирани во три посебни простории.

Инаку, 13 осуденици поради контакт со заразените се во изолација, засега немаат пројавено симптоми на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Инцидент меѓу осуденици во штипскиот затвор

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on