Градоначалничката на Битола Наташа Петровска изврши увид на градежните работи и реконструкцијата на Римски пат кој води до античкиот локалитет Хераклеја Линкестис.
На пристапниот пат, согласно новиот проект, отстранет е асфалтот од коловозот и тој е заменет со коцка од гранитен камен заради автентичност и, исто така, на пристапот до локалитетот од поситен гранитен камен ќе има пешачката патека, осветлена со фотоволтаични светилки по целата должина до влезот на локалитетот Хераклеја Линкестис.
Градежните зафати на оваа локација се во рамки на проектот Смарт-кул-тур, кој се реализира во рамки на Програмата на Европската комисија за Прекуграничната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, со инструментот ИПА 2 за периодот 2014- 2020.
Општина Битола како водечки партнер во проектот врши реконструкција на пристапниот т.н. „Римски пат“ до локалитетот. Цел на проектот е да го зголеми квалитетот на туристичката понуда на поширокиот регион, почнувајќи од Битола преку Преспа до Корча.