(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: ЕК потврди дека поради криминалната афера Мафија на Заев и Спасовски, Македонија може да го загуби безвизниот режим

Од:

„Аферата Мафија доби меѓународни пропорции. Издавањето на официјалните пасоши и документи од страна на МВР на светски криминалци, нарко босови, мафијаши и припадници на ИСИС е загрозување на безбедносниот систем на другите земји, а не само на македонскиот. Македонија поради Зоран Заев и Оливер Спасовски стана европски и светски безбедносен проблем.

Последиците од оваа афера може да бидат далекусежни и за Македонија како држава и за нашите граѓани“, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, Европската Комисија веќе посочи дека нарушувањето на безбедноста на личните документи од вакви размери како што се случи во Македонија со оваа афера Мафија, го загрозува клучниот услов за либерализацијата на визниот режим за граѓаните на нашата држава. Со други зборови неисполнувањето на овој услов го доведува сериозно во прашање безвизниот режим и слободното патување на граѓаните на Македонија без визи во земји од Европската унија.

Впрочем давањето на закрила на терористи, мафијаши и криминалци од страна на власта на Заев го гледаат и надвор од границите на Република Македонија. И таму веќе знаат дека не е возможно босови на турска, италијанска, албанска, црногорска, српска и шпанска мафија да добивале пасоши од обични полициска чиновници од МВР. Некој од високите функционери морал прво да им обезбеди влез во Македонија, бидејќи биле барани на меѓународни потерници, да ги спроведе до полициска станица, да им обезбеди официјални документи со злоупотреба на лични идентитети, матични броеви и потоа да им дозволи слободно да ја напуштат државата и да хараат насекаде по светот.

Срамот и нарушениот углед на државата се само дел од проблемот. Најголемиот проблем е што поради криминално-институционалната спрега во Македонија ќе страдаат и нашите граѓаните, но и стопанствениците кои ризикуваат да го изгубат стекнатото право без визи да патуваат во Европа.

За ова мора да има одговорност како политичка, така и кривична“, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ