Фаучи: Вакцината „Астра Зенека“ има добра ефикасност

Од:

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи верува дека на Американците можеби нема да им биде потребна вакцината „Астра Зенека“ поради поседувањето вакцини од другите производители.

Вакцината „Aстра Зенека“ против Ковид-19 има добра ефикасност, но мора да се решат проблемите со безбедноста, рече врвниот американски експерт за заразни болести.

-Мислам дека вакцината „Астра Зенека“, од гледна точка на ефикасноста, е добра вакцина и, доколку се отстранат безбедносните проблеми во Европската унија, ефикасноста на оваа вакцина е навистина добра, изјави Фаучи за Би-Би-Си радио.

Меѓутоа, додаде тој, „не е јасно дали некогаш ќе користиме „AстраЗенека“ или не, но во овој момент се чини дека нема да ни треба. Ова не е негативно обвинение против „Aстра Зенека“, туку едноставно тоа е можно со оглед на набавките што ги имаме од другите компании“, додаде Фаучи.

Во време кога САД ги ублажуваат ограничувањата за Ковид-19, Фаучи рече дека постои „навистина ризична ситуација“ кога повторно се отворија барови и ресторани на некои места каде што не беше спроведена мерката за носење маски.

Фаучи смета дека не е време за предвремено прогласување победа со пандемијата.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он