Лавров: ЕУ ги загрозува преговорите со воведување санкции за Иран

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повторно ги повика Соединетите Американски Држави да ги укинат санкциите за Иран воведени од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Русија во вторникот соопшти дека смета на спасување на иранскиот нуклеарен договор доколку САД се вратат и ја обвини Европската унија за загрозување на преговорите со воведување санкции за Иран поради состојбата со човековите права.

„Ние сметаме на фактот дека ќе можеме да го спасиме договорот и дека Вашингтон конечно ќе се врати на целосна имплементација на релевантната резолуција на ООН“, рече Лавров за време на посетата на Техеран.

Тој ја критикуваше Европската унија, за која вели дека им се заканува на постојаните напори со воведување санкции врз група од осум ирански службеници за безбедност за нивната улога во репресијата на демонстрациите во ноември 2019 година.

„Нема координација во ЕУ, десната рака не знае што прави левата, тоа е жално. Ако оваа одлука е намерно донесена за време на преговорите за спасување (на нуклеарниот договор) во Виена, тогаш веќе не е тажно, туку е грешка што е полоша од злосторство.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади