Земјите од Г-8 се договорија за неопходноста од преодна влада во Сирија

Од:

Русија и нејзините партнери од Г-8 подготвија заедничка декларација за граѓанската војна во Сирија.


– Што е можно најбрзо треба да се договори преодна влада со извршни овластувања, изјавија извори на средбара на Г-8 во Северна Ирска. Во декларацијата никаде не се споменува идната улога на сирискиот претседател Башар ал Асад.


– Русија блокира секакво споменување на судбината на сирискиот лидер во конечниот документ од средбата на Г-8, истакна рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.


Според него, лидерите од Г-8, вклучувајќи ги и рускиот Владимир Путин и американскиот Барак Обама, веројатно че повикаат за напредок во организирањето на мировна конференција за Сирија, која Москва ја смета за единствен начин да се реши конфликтот во оваа земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија