Канада забрани извоз на дронови во Турција

Од:

Канада забрани извоз на беспилотни летала во Турција откако констатира дека опремата ја користеле азербејџанските сили кои се борат против Ерменија во Нагорно Карабах, рече министерот за надворешни работи Марк Гарно.

Тој изјави дека ваквата употреба не е во согласност со канадската надворешна политика, како и со уверувањата дадени претходно од Турција и додаде дека тој изразил загриженост во разговорот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Отава ги суспендираше дозволите минатиот октомври за да може да ги разгледа обвинувањата дека азербејџански беспилотни летала користени во конфликтот биле опремени со системи за снимање и таргетирање изработени од канадската подружница на компанијата „Л3Харис Технолоџис“.

По повод оваа одлука, Министерството за надворешни работи на Турција потврди дека Чавушоглу ја повикал Канада да ги преиспита ограничувањата на одбранбената индустрија и изразил загриженост за ставот на земјата во однос на извозот во Турција.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто