Најмалку 10 мртви во насилните протести во Конго против мисијата на ОН

Од:

Најмалку 10 лица се убиени за време на насилните протести против мировната мисија на Обединетите нации на истокот на Демократска Република Конго (ДРК), јави ДПА.

-Во демонстрациите во провинцијата Северен Киву повредени се повеќе од 20 лица, изјави синоќа гувернерот Карли Нзанзу Касивита.

Протестите почнаа пред околу една недела и досега беа главно мирни, но во неделата и понеделникот станаа насилни, пренесе ДПА.

Младите во градовите Гома, Бени и Бутембо поставија барикади на улиците, уништија куќи и деловни објекти и запалија автомобилски гуми, соопштија властите, извикувајќи пароли против силите на ОН: „Не успеавте, бедни“, „Не го заштитувате цивилното население“ и „Вие сте соучесници на непријателот“.

-Училиштата и деловните објекти вчера беа затворени, додека безбедносните сили реагираа со употреба на сила врз демонстрантите, изјави гувернерот Касивита.

Младите протестираат против зголеменото насилство на истокот на земјата, како и против „неактивноста“ на мировните сили на ОН и меѓународните организации за помош.

Последните неколку недели во овој регион има значително зголемување на нападите.

Самостојната бунтовничка група Сојузнички демократски сили (АДФ), поврзана со Исламската држава, од почетокот на годината уби над 200 лица и од домовите протера 40.000 лица, наведуваат ОН.

АДФ е една од над 100-те бунтовнички групи кои се активни на истокот на Конго, а многу од овие групи се борат за скапоцените природни ресурси на земјата.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска