Битиќи за организаторите на настани: Бараат грантови, но не прифаќаат да понудат програма за да им ги покриеме трошоците

Од:

Грантови за организаторите на настани на ист принцип како што добија грантови игротеките и ноќните клубови, не се возможни од повеќе причини, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за „А1он“. Тие денес излегоа пред Влада оти не наишле на разбирање за нивните барања и јавно побараа да им се одобрат грантови за покривање на загубите од претходните 14 месеци за да можат да се рестартираат и да продолжат со работа. Сметаат дека Владата тоа може да го направи оти веќе го направила за игротеките, ноќните клубови и транспортерите.

„Игротеките и ноќните клубови добија таква помош оти беа затворени со одлука и со Уредба на Владата. Организаторите на настани во ниту еден момент не добија забрана да продолжат со работа, тие се ограничени само со протоколите. Самите кажуваат дека имаат пад од 62 отсто, доколку имале забрана за работа нивниот пад ќе беше 100 отсто. Освен тоа, меѓу нив се и компаниите кои нудат изнајмување опрема, а изнајмување опрема може да се однесува и за изнајмување трактори, на пример, според шифрата на дејност и тука не може да се направи разграничување. Дополнително, во оваа категорија, организатори на настани се и музичарите и естрадните уметници , нив ги исплативме, им дадовме директна финансиска поддршка“, вели вицепремиерот Битиќи.

Организаторите на настани можеле да ги користат сите досега предвидени мерки за помош на компаниите како и сите останати правни лица, како што се субвенциите за плати, бескаматните кредити, одложената исплата на кредити, а со петтиот пакет мерки, кај нив како најпогодена индустрија, субвенцијата за плата ќе биде меѓу најголемите.

„Ние бараме грантови. Уште во јануари доставивме до Владата конкретни, сериозни и издржани предлози како тоа да се спроведе“, вели Маја Бабиќ, претседатела на ИВАП

„Имајќи ги превид токму нив, како најпогодени, предвидовме скалеста поддршка за плати. Ако останатите добиваат по 14.500 денари, тие ќе земат по 19.000 денари за плата по вработен оти имаат пад од 60 отсто. Деновиве ќе се изгласа петтиот пакет и ќе ги добијат платите и за февруари и за март. Со овој пакет ќе добијат можност за бескаматни кредити. Преку Развојната банка ќе добија добри услови, како што е грејс период од 12 месеци и 50 отсто неповратни средства доколку ги исполнат условите“, најави вицепремиерот Битиќи.

Маја Бабиќ, претседателка на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) рече дека тие доставиле конкретни предлози како да им се помогне уште пред да биде изготвен петтиот пакет мерки.

„Имаат слобода самите да смислат настан од јавен интерес што би го организирале, со почитување на протоколите, а ние ќе ги покриеме трошоците, но не прифаќаат“, вели вицепремиерот Битиќи.

„Ние бараме грантови. Уште во јануари доставивме до Владата конкретни, сериозни и издржани предлози како тоа да се спроведе. За волја на вистината, тоа не го измисливме ние, тоа Владата го направи кон ноќните клубови, кон игротеките, кон транспортерите. Ние видовме дека еден таков систем функционира во Владата и се разбира го побаравме и за нас. Има точно пропишани услови кои се предложени, по кои критериуми една компанија заслужува да добие грант. Треба да има 60 отсто намалување на приходот во 2020 година, треба да ги има платено сите даноци кон државата, треба да докаже дека навистина работи во ивент индустријата, да е во соодветната шифра, бидејќи тоа беше малку неразбирливо на почетокот за Владата. Има точни критериуми по кои можат, ако сакаат, да доделат помош“, рече претседателката Бабиќ.

Гранотвите кои ги побарале биле по 10.000 евра од компанија. Во замена за грантовите вицепремиерот Битиќи вели дека им понудиле можност тие да организираат настани, а Владата да ги им ги покрие трошоците.

„Им дадовме можност самите да изработат програма, да понудат содржина за организирање јавен настан од која било тема, без ограничување. а тоа имаме обезбедено 1 милион евра, но тие не прифаќаат да понудат содржина. Тоа би било нешто слично како ваучерите што ги поделивме. Граѓаните беа обврзани помошта да ја потрошат дома, во рестораните и хотелите, како начин на кој ќе се движи економијата. Сега треба само да смислат настан, да понудат содржина и да не се грижат за плаќањето“, вели вицепремиерот Битиќи.

Организаторите на настани ќе можат да се јават и на огласите што ги планира Министерството за култура, кои имаат посебна програма за организирање на сите битни државни настани.

Претседателката Бабиќ, пак, за понудената можност од Владата вели дека не е помош туку плаќање на услугите.

„Тие предвиделе некаков конкурс на кој ќе можеме да аплицираме за организирање на државни настани. Да бидеме јасни, 30 – годишнината на независноста на Македонија ќе се организираше секако. Ниту можеме да го наречеме тоа помош ниту пак ќе помогне на компаниите особено што нема да бидат помогнати сите туку само одбраните и не може еден настан, кој компанијата ќе го добие, со парите што ќе ги добие, да ја покрие загубата од целата година. Ние се обидовме на сите морни начини да дојдеме до некаков заклучок, немаме разбирање од другата страна и почнуваме на улица. До кога ќе биде така не знам“, рече претседателката Бабиќ.

Во групата организатори на настани претседателката  Бабиќ вели дека спаѓаат рентал компаниите, тие што изнајмуваат озвучување, осветлување, бина и бинска опрема, видео и аудио продукциите, техничката поддршка, сите оние кои се грижат за организирање концерти, митинзи, симпозиуми, спортски настани, семинари односно се она што е јавен настан каде што има публика. И организаторите на свадби се дел од оваа индустрија, но тие денес не беа пред Влада. Претседателката Бабиќ рече дека добиле најави дека во следните денови ќе им се приклучат на протестите.

Според податоците на Централниот регистар, и покај лошите услови во кои биле принудени да работат, ниту една компанија која организира настани не е затворена ниту пак има отпуштени работници. Приближната бројка на вработени во оваа индустрија, претседателката Бабиќ вели дека не е под 10.000. Точна бројка нема, оти имало многу ангажирани надворешни компании.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција