Џонсон и Џонсон почна со испорака на вакцини во ЕУ

Од:

„Џонсон и Џонсон“ денеска започнаа да ја доставуваат својата вакцина против Ковид-19 до Европската унија, која се дава во единечна доза, соопшти Питер Лизе, европратеник од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.

Компанијата Џонсон и Џонсон првично планираше да започне со испорака на вакцината на почетокот на април, но ова беше одложено поради потешкотии во производството,

– Џонсон и Џонсон денеска започнаа да испраќаат пратки со вакцини во ЕУ, соопшти Лизе.

Американската компанија вети дека на ЕУ ќе и испорача 55 милиони до крајот на јуни и уште 120 милиони дози во третиот квартал, изјави претходно овој месец комесарот за индустрија на Европската комисија, Тиери Бретон.

– До неодамна беше нејасно дали ќе го исполни тоа ветување. Но, 50 милиони дози се сигурни за вториот квартал, рече Лизе, додавајќи дека информациите ги добил од самата компанија и од Европската комисија, која ги координира преговорите со фармацевтските компании.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он