Акција за чиста општина Центар

Од:

Општина Центар, во соработка со Градот Скопје и ЈП Комунална Хигиена организира голема акција под мотото „За чиста општина Центар“, што ќе се проведе во периодот од 11 до 13 јули.

Целта на акцијата е да се исчисти отпадот на целата територија на општината. Акцијата ќе опфати чистење на диви депонии и ѓубришта на различни локации, како и собирање и отстранување на кабаст отпад од домаќинствата, со механизација и работници од ЈП Комунална Хигиена. Во акцијата учество ќе земат и работниците за јавни работи, ангажирани од општина Центар, со потребен алат и опрема.

На територијата на општина Центар, одредени се 5 реони за собирање отпад – строго централно подрачје, Буњаковец, Дебар маало, Капиштец и Водно, Пролет, Маџир маало и Крњево. Во секој реон одредени се по пет локации на кои ќе се постават големи контејнери од пет тони за кабаст отпад.

Точните локации за секоја населба и временските термини за исфрлање на отпадот ќе бидат јавно објавени на веб страницата на општината и во јавните гласила, како и со поединечни соопштенија на станбените објекти, 10 дена пред започнување на акцијата.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила