Како се отвора кокос?

Од:

Кокосот како овошен плод не е својствен за нашето поднебје, но за оние кои сакаат да отпатуваат во некоја егзотична земја, следните совети ќе им бидат од полза.

За разлика од многу други видови овошје со висока содржина на јаглени хидрати, кокосот содржи претежно маснотии. Но, тие се со посебен вид триглицериди и затоа се вари полесно од обичните масти. Покрај тоа, кокосот содржи и витамини и минерали: железо, манган, калиум, фосфор, цинк, магнезиум и калциум.

Еве зошто кокосот е навистина здраво овошје: Кокосовата вода е извор на електролити; има силни антибактериски и антивирусни својства; раствора камења во бубрезите; ја подобрува функцијата на системот за варење и црниот дроб; го намалува лошиот холестерол, а го зголемува добриот; го регулира шеќерот во крвта; штити од остеопороза и ја стимулира регенерацијата на ткивата.

Но, за да стигнете до вкусната, слатка јатка од кокосот, секогаш треба малку повеќе труд. Прво, за чистење на плодот – постојат повеќе техники, исто како и за авокадото или кивито. Потоа, кршењето… Овој процес на отворање кокос е брз и лесен, но сепак, требаат неколку алатки: одвртувач или сличен цврст и зашилен предмет, потоа – чекан, даска и остар нож.

Со одвртувачот се бодат трите кругови на врвот на кокосот, со цел да се подрашират. Потоа, се цеди кокосната вода во чаша. Следува удирањето на кокосот со чекан, сѐ дури не се скрши кората. Така се доаѓа до белиот дел што се сече и се јаде. Тоа потоа може да се додаде во смути, овошни салати, колачи и разни јадења што ќе добијат посебен, егзотичен вкус.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава