Почна гевгелиската ликовна колонија „Аполон“

Од:

Во Гевгелија денеска почна традиционалната ликовна колонија „Аполонија 2013“ која годинава 12-ти пат се одржува во организација на фондацијата Аполонија и под покровителство на општината.

Директорот на фондацијата Аце Ристовски информира дека во работата на колонијата учествуваат осум ликовни уметници меѓу кои Васко Ташковски од Скопје, Ниче Василев од Струмица, Марија Лешкова од Скопје, Владо Темков од Кавадарци, Андријана Манчева и Дамјан Ѓуров од Гевгелија, Христина Георгиева од Бугарија и уметничкиот фотограф Рајко Каришиќ од Србија.

Наредните десет дена уметниците ќе изработат дваесетина дела  во разни сликарски техники со мотиви од градот Гевгелија и неговото блиско опкружување.

По завршувањето на колонијата, соопшти Ристовски, изработените слики ќе бидат презентирани за јавноста на изложба по што ќе станат дел од фондот на гевгелиската ликовна колонија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска