Филмот „Nomadland“ со четири БАФТА награди

Од:

Американската драма „Земја на бескуќници“ (Nomadland), која следи група луѓе кои решиле да живеат во комбе, е големиот победник на БАФТА наградите што беа доделени вчера. Филмот ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија – Кинезинката Клои Жао и – за главна женска улога – Франсис Мекдорманд.

Свеченоста на Британската академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА) се одржа виртуелно во две вечери, а кандидатите, поради корона-пандемијата, учествуваа на доделувањата преку видеоврски. Освен, секако, филмските sвезди Хју Грант и Пријанка Чопра Џонас кои се појавија лично во лондонскиот „Ројал Алберт хол“ и, Рене Зелвегер и Ана Кендрик кои се приклучија од студиото во Лос Анџелес.

Филмот „Ветувачка млада жена“ (Promising Young Woman), што ја нагласува важноста на движењето против насилството и сексуалното вознемирување – „#metoo“, е прогласен за извонредно британско дело, а ја доби и наградата за најдобро оригинално сценарио.

Академијата му оддаде почит и на принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета, кој почина во петокот на 99-годишна возраст. Филип беше назначен за прв претседател на БАФТА во 1959 година. Неговиот внук, принцот Вилијам, е сегашен претседател.

Филмскиот ветеран Ентони Хопкинс ја освои наградата за главна машка улога – на дементен човек во филмот „Таткото“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Среден прст за Путин од водителката на БАФТА наградите

А1он

Во Лондон утре доделување на филмските награди „БАФТА“

БАФТА 2020: Британски филм на годината е „1917“

Ана Ололовска

„Ла Ла Ленд“ со пет БАФТА награди

Наум Локоски