ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Спасовски молчи за дрогата поврзана со картелот Заеви?

Од:

„Помина уште еден ден, и повторно молк од Спасовски и МВР за прашањата поврзани со картелот Заеви и шверцот на дрога.

Картелот Заеви ја направија Македонија дувло на криминал. Дрога се произведува, се шверцува низ цела држава, а Заев безгрижно си вози мотори низ Македонија.

Уапсени се командирот на полициска станица Прилеп кој е директно поставен од Оливер Спасовски и шоферот на братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев, а Зоран Заев избегнува да одговори која е неговата вмешаност и која е вмешаноста на фамилијата Заеви во овој криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера конечно се огласи братучедот на Заев, Трајче Заев кој потврди дека се наоѓа во Дубаи, но сеуште нема одговори на клучните прашања.

Дали Александар Ушилковски кој е уапсен во акцијата, која беше спроведена од ДЕА, е личен шофер, токму на Трајче Заев?

Дали комбето со грчки регистарски таблички, во кој е пронајдена дрогата во вредност од над 800 илјади евра, е на фирма која е партнер на фирмата на Заеви? Токму од таа фирма од каде тргнала пратката која е запленета при оваа акција.

Истото така нема одговор за сопственоста на фирмата „Медикал 420“, која е вмешана во овој криминал.

Колку илјадници килограми марихуана изминативе години се шверцувани и пуштени во оптек од плантажите со марихуана, од кои голем број на лиценци кои беа издадени се поврзани токму со фамилијата Заеви и блиски соработници на власта?

За сите криминали на власта и картелот на Заеви ќе има одговорност. За многу скоро власта ќе биде одземена од рацете на мафијата и ќе биде вратена во рацете на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски