Томаш Худечек нов градоначалник на Прага

Од:

Партијата ТОП 09 и чешките социјалдемократи се договориле нов градоначалник на Прага да биде Томаш Худечек.

Партиите, тврдат дека не се коалициски партнери, бидејќи социјалдемократите остануваат во опозиција, туку дека се одлучиле да соработуваат за да функционира раководството во Градскиот совет, откако на иницијатива на најмалата партија во владината трипартиска коалиција, ТОП 09 беше отповикан дотогашниот градоначалник Бохуслав Свобода.

Како причини беа наведени несогласувања во Советот и несоодветно рааководење и решавање на проблемите во ообласта на сообраќајот, финансиите и имотот.

Граѓанската демократска партијата (ОДС), која со ТОП 09 и ЛИДЕМ е дел од владината коалиција, во Советот на Прага е во опозиција првпат по повеќе од 20 години.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица