Блинкен: Ќе има последици доколку дојде до руска агресија во Украина

Од:

Русија ќе сноси последици доколку изврши агресија во Украина, предупреди американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, и ја изрази американската загриженост за акумулацијата на руски сили на украинската граница.

Во војната во Донбас, која почна во април 2014 година, по прозападната револуција во Украина и руската анексија на Крим, досега се убиени повеќе од 13.000 лица и раселени се околу 1,5 милион локални жители.

-На границата има повеќе руски сили од кога и да било од 2014 година, кога беше првата руска инвазија, рече синоќа Блинкен во интервју за Ен-Би-Си, во кое ја повтори проценката на Белата куќа.

„Претседателот Џо Бајден беше јасен, доколку Русија дејствува непромислено или агресивно, тоа ќе ја чини скапо, тоа ќе има последици“, додаде Блинкен, не прецизирајќи го можниот одговор на САД.

Шефот на американската дипломатија, кој во петокот телефонски разговараше со францускиот и германскиот колега за темата Украина, истакна дека „САД и европските партнери имаат исти проблеми“.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти