Бугарија очекува стабилна влада формирана од партијата на Трифонов

Од:

Бугарија ќе има стабилна влада, поддржана од сите парламентарни сили во новиот 45-ти Парламент, формирана од второпласираната партија на парламентарните избори „Има таков народ“ на Слави Трифонов. Ова пред утринскиот блок на БНТ го прогнозира професорот Михаил Константинов, кој е шеф на државната агенција „Информативни услуги“ (која се занимава со пребројување на гласовите од одржаните избори во земјата).

Според него, таквата влада би можела да има многу сериозна поддршка, потсетувајќи на времето пред 1989 година, кога БКП беше единствената партија во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според познатиот математичар и аналитичар, на Бугарија сега и треба стабилно управување бидејќи „земјата е во војна“, мислејќи на пандемијата на Ковид-19 и евентуалниот конфликт во Украина, кој не би бил мал за црноморскиот регион, во кој Бугарија е важен елемент.

Во однос на тоа дали во Бугарија ќе се одржат предвремени избори во текот на летото, професорот Константинов истакна дека тоа би претставувало „лудост и неодговорност“, додавајќи дека на Бугарија и е потребно стабилно раководство. Професорот Константинов предвидува можна војна во Украина, која нема да биде мала, за што Бугарија, како членка на НАТО, мора да биде подготвена.

Според него, бугарската изборна администрација работеше многу добро и беше категоричен дека она што било ставено во гласачките кутии на 4 април во Бугарија, токму тоа е преброено, до последниот глас. Во врска со машинското гласање во Бугарија, професорот Константинов коментира дека 27 отсто граѓани гласале на тој начин, како што беше случајот и пред две години, кога првпат беа користени за време на изборите за Европскиот парламенти.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски